БАЈДЕН ПРОДАВА НАФТА ПРЕД ИЗБОРИ: Американскиот претседател се обидува да ги контролира цените
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2022 07:04
Шефот на Белата куќа оваа недела планира да пушти 14 милиони барели на пазарот за да се намали цената на „црното злато“ на домашниот пазар со цел да ги придобие гласачите во ноември да гласаат за неговата Демократска партија.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да продаде нафта од американските стратешки резерви оваа недела за да ги намали цените на горивото пред конгресните избори следниот месец, откако одлуката на ОПЕК Плус да ги намали квотите за производство на црно злато го налути шефот на Белата куќа.
Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со ова, објави дека Бајден ќе пушти на пазарот 14 милиони барели. Ова е најголемата количина ослободена досега од американските стратешки резерви, кои имаат на располагање дури 180 милиони барели, чија продажба започна во мај. Британската агенција ги пренесе и изјавите на четвртиот извор дека администрацијата во Вашингтон преговара и со нафтени компании за продажба на дополнителни 26 милиони барели, што беше одобрено од Конгресот за фискалната 2023 година, а започна на 1 октомври.
Американскиот претседател минатата недела рече дека цените на бензинот се превисоки и дека ќе има повеќе да каже оваа недела за намалување на трошоците за Американците кои поседуваат моторни возила. Демократите на Бајден стравуваат дека ако цените на горивото продолжат да растат, дури и оние гласачи кои им биле лојални би можеле да се одлучат за Републиканската партија на поранешниот претседател Доналд Трамп на конгресните избори во ноември. На состојбата на американските бензински пумпи влијаеше одлуката на ОПЕК Плус, кој ги обединува производителите на нафта и во кој доминира Саудиска Арабија, да го намали производството за два милиони барели дневно. Оваа одлука ќе му помогне и на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира агресијата врз Украина, благодарение на поскапувањето на таа енергија.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




