БАЈДЕН СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА: Објави писмо на Твитер
Објавено во: Свет 21 Јули, 2024
Актуелниот
американски претседател Џо Бајден, вечерва објави дека нема да бара реизбор.
Ова го објави на неговиот официјален профил на Твитер.
Мои сограѓани, Американци,
Во последните три и пол години имаме направено заедно огромен напредок како нација. Во денешно време, Америка ја има најјаката економија во светот. Ние имаме направено историски инвестиции во градењето на нашата нација, ги намаливме цените на лекарските рецепти за пензионерите, има попристапно здравство за рекорден број Американци. Придонесовме за поголема грижа на ветераните изложени на токсични материи, го усвоивме првиот Закон за безбедност од оружје по цели 30 години. Ја ставивме на власт првата афро-американска жена во Врховниот суд. Усвоивме многу значајна легислатива за климата во историјата на светот.
Америка никогаш не била подобро настроена да води, отколку што е денеска.
Знам дека ништо од ова денес не би можело да успее без вас, американскиот народ. Заедно ние имаме надминато пандемија која се случи еднаш во векот и најлошата економска криза од големата депресија. Ја имаме зачувано и заштитено нашата демократија. Ги имаме зајакнато и оживеано нашите алијанси околу светот.
Најголема чест во мојот живот е што ви служам како претседател. И додека мојата намера е да бидам реизбран, јас верувам дека во најдобар интерес на мојата партија и државата е јас да се откажам и целосно да се фокусирам на исполнување на моите обврски како претседател до крајот на мојот мандат.
За крај, сакам да изразам огромна благодарност до сите оние кои работеа толку вредно да ме видат реизбран за претседал.
— Joe Biden (@JoeBiden) July 21, 2024
Детално ќе се обрати до нацијата во текот на неделава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.