БАЈДЕН ЗА ПУТИН: Toj е во „лоша позиција“ по санкциите
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025
Путин е во „лоша позиција“ по санкциите, вели американскиот претседател во заминување Џо Бајден.
САД и Велика Британија објавија нови координирани санкции против рускиот енергетски сектор поради војната во Украина.
„Навистина е важно да не му се даде никаков одмор“, изјави новиот американски претседател Доналд Трамп.
САД и Велика Британија во петокот објавија нови санкции против рускиот енергетски сектор, вклучително и Гаспромњефт, во обид да го прекинат „најголемиот извор на финансирање“ на Кремљ кој ја помага војната во Украина.
Русија на 24 февруари 2022 година ја нападна Украина и војната уште трае.Инаку, новиот американскиот претседател Доналд Трамп ветуваше дека брзо ќе ја заврши војната во Украина штом ќе стапи на функцијата.