26 Јануари, 2025
0.0259

ДАНСКИ МЕДИУМИ: Синот на Трамп најмил бездомници за да му бидат поддржувачи на Гренланд

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Данското радио ДР објави дека во видео материјалите, снимени за време на кратка посета на Гренланд, може да се видат бездомници и други луѓе кои често се задржуваат пред продавницата што е веднаш до хотелот. 

„Тоа се бездомници и стари луѓе кои одеднаш јадат во ресторан во кој никогаш досега не биле“, изјавил за ДР долгогодишен жител на главниот град Нук.

Сè што требаше да направат е да носат капи на кои пишува „Направете ја Америка повторно голема“ и да учествуваат во видеата, oбјави медиумот. На снимката објавена од весникот Екстра Бладет се гледа како луѓето на американскиот претседател Доналд Трамп им приоѓаат на минувачите на улица и им подаваат капи.

Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп им се заблагодари на жителите на Гренланд што биле „толку љубезни“ со неговиот син и членовите на неговата екипа. Како што беше претходно објавено, Трамп Џуниор пристигна во Гренланд пред три дена за да сними подкаст.

Трамп во вторникот изјави дека нема да исклучи воен или економски притисок да го стави под контрола најголемиот остров во светот.

Неговите изјави беа сериозно сфатени во Данска, која управува со Гренланд, но и во други европски земји од кои беа упатени критики кон новоизбраниот претседател.

Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон.

Гренланд е дански автономен регион и се наоѓа североисточно од САД и северозападно од Европа и Данска, земјата на Европската унија на која и припаѓа островот.

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ДА МУ СЕ ДОПАДНЕ НА ТРАМП: Британија има приоритет во купување на Гренланд

НЕМА ДА МУ СЕ ДОПАДНЕ НА ТРАМП: Британија има приоритет во купување на Гренланд

БИЛД: Мерц ќе предложи вонредна состојба во Германија поради илегалната имиграција

БИЛД: Мерц ќе предложи вонредна состојба во Германија поради илегалната имиграција

ТРАМП Е УПОРЕН, НЕ СЕ ОТКАЖУВА! „Америка ќе ја преземе контролата врз Гренланд, само ние можеме да им дадеме слобода, Данска не може“ (ВИДЕО)

ТРАМП Е УПОРЕН, НЕ СЕ ОТКАЖУВА! „Америка ќе ја преземе контролата врз Гренланд, само ние можеме да им дадеме слобода, Данска не може“ (ВИДЕО)

„ТИЕ СЕ СЕГА ВО НАШИ РАЦЕ И НЕ СЕ ПУШТАМЕ“: трогателно видео од ослободувањето на заробените девојки од Израел

„ТИЕ СЕ СЕГА ВО НАШИ РАЦЕ И НЕ СЕ ПУШТАМЕ“: трогателно видео од ослободувањето на заробените девојки од Израел

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да го игнорира нападот на Украина на Турски тек

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да го игнорира нападот на Украина на Турски тек

МАСК ВЕРУВА ДЕКА Е ОДГОВОРЕН ЗА ИЗБОРОТ НА ТРАМП - неговата цел сега е промена во Европа, ќе му успее ли намерата?

МАСК ВЕРУВА ДЕКА Е ОДГОВОРЕН ЗА ИЗБОРОТ НА ТРАМП - неговата цел сега е промена во Европа, ќе му успее ли намерата?

ТРАМП ПОВТОРНО БРАНУВА: „Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци“

ТРАМП ПОВТОРНО БРАНУВА: „Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци“

(ВИДЕО) Хит во регионот, Меланија зборува српски за пожарите во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Хит во регионот, Меланија зборува српски за пожарите во Лос Анџелес

Шолц за Маск: Ја користи својата новонастаната моќ

Шолц за Маск: Ја користи својата новонастаната моќ