ГИ ИСПРАШУВААТ ВО КИЕВ: Украинците заробиле севернокорејски војници
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025
Украинците заробиле севернокорејски војници, и ги испрашуваат во Киев.
Украинскиот претсседател Володимир Зеленски вели дека нивни војници заробиле севернокорејски војници во Курск во Русија.
„Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Тврди дека Русите сакаат да прикажат дека Северна Кореја не учествува директно во војната.
Украинскиот лидер сподели и фотографии за кои тврди дека покажуваат заробени војници и нивните документи. Тој им се заблагодари на членовите на Тактичката група бр. 84 на Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина и падобранците кои ги заробија овие војници. Русија претходно добиваше и оружје од Северна Кореја. Украина пред некој ден почна контраофанзива во Курск, но повеќе детали за тоа засега нема. Се смета дека Украина сака да ја подобри преговарачката позиција пред американскиот претседател Доналд Трамп и официјално да стапи на функција.