ИМА ПОВРЕДЕНИ: Украински дронови погодија две станбени згради во регионот Тамбов
Објавено во: Свет 11 Јануари, 2025
Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, а има и повредени.
Дронови удриле во две станбени згради во Котовск во текот на ноќта, при што се повредени неколку лица. Веста ја потврди вршителот на должноста гувернер Евгениј Первишов.
Како што кажа гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, после падот на делови од соборен дрон во селото Мајски се искршени прозорците на три куќи и се оштетени покривите.
Има и привремени ограничувања за работата на аеродромите во Казан, Нижнекамск и Улјановск за да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони.
Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години. Украина редовно гаѓа цели на руска територија.