20 Декември, 2025
0.0404

Балкан Енерџи Груп: Загадувањето да се намали со централно греење

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2013 11:30

Добивај вести на Viber

И Балкан Енерџи Груп се вклучи во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Компанијата предлага за намалување на загадувањето надлежните институции да донесат мерки во насока на приклучување кон системот на централно греење на јавните, деловните и приватните субјекти кои имаат приклучок или достапност до топловодната мрежа.

Користејки ги инофрмациите од град Скопје, компанијата наведува дека како главен извор на загадувањето на градот е посочено согорувањето на фосилни горива (мазут, нафта, јаглен) и дрва при затоплувањето на станбените и деловните објекти. Само 36 % од потрошувачите се затоплуваат на централно греење, а од останатите 64 % безмалку половина се затоплуваат со фосилни горива и дрва.

- Ја делиме загриженоста на граѓаните и чувствуваме потреба и одговорност пред јавноста, да го ставиме на располагање сиот свој технички и стручен потенцијал со цел да дадеме придонес во надминувањето на овој сериозен проблем. Балкан Енерџи преку системот за централно греење испорачува еколошки чиста енергија за затоплување бидејќи сите наши топлани работат на природен гас, кој е еколошки најчистиот енергенс. Техничкиот капацитет на топланите и дистрибутивната мрежа во овој момент е двојно поголем од потребите на нашите потрошувачи. Од друга страна голем дел од потрошувачите кои користат фосилни горива и дрва за затоплување веќе имаат приклучок или со мали инвестиции може да се приклучат кон системот за централно затоплување, велат од компанијата.

Со мерките кои ги предлага компанијата смета дека ќе придонесат за брз и непосреден ефект во намалувањето на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот. Ваквите мерки се исто така во насока на заложбите на Владата на Република Македонија за гасификација на Република Македонија и зголемување на употребата на природниот гас како најчист енергенс, се вели во соопштението од Балкан Енерџи Груп.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии