БАЛКАНОТ УРИВА РЕКОРДИ: Една земја се приближува до 3.000 нови случаи на ден
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 29 Октомври, 2020
Расте бројот на заразени во регионот.
Србија има скоро 1.400 заразени со коронавирусот.
Од последиците на коронавирусот во последните 24 часа починале шест луѓе, а се регистрирани 1.384 новозаразени.
Вкупниот број на починати, сега е зголемен на 809. Притоа, хоспитализирани се 1.012 луѓе, од кои 44 се на респиратори.
Во истиот период на присуство на коронавирус се тестирани 9.458 лица, а процентот на смртност изнесува 1,86 отсто.
Според податоците кои ги објави Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИПХК) во последните 24 часа регистрирани се 284 нови случаи на ковид-19.Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 2.488 короанвирусни инфекции.
Во Хрватска се регистрирани 2.776 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа 18 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.