19 Мај, 2024
0.0338

Балканска земја ќе го повлече признавањето на Косово?

Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Можно е Косово да остане без признавањето на една балканска земја. 

Социјалистичката партија на Словенија бара државата да го повлече признавањето на Косово.

Таа испрати барањето до претседателот и Владата да се заложат Словенија да го повлече признавањето на Косово, пренесуваат српските медиуми.

Се наведува дека официјална Љубљана треба да го поддржи територијалниот интегритет на Република Србија.

„Косово и Метохија е составен и неодвоив дел на Србија, како што всушност пишува во Резолуцијата 1244 на Обединетите нации“, наведува словенечката непарламентарна партија.

Во писмото на партијата стои дека Словенија во 2008 година направила голема грешка со признавањето на независноста на дел од територијата на „братската земја Србија“.

Пишуваат и дека Косово и Метохија, „јужната покраина на братската земја“, според меѓународното право немаше никакво право да се изјасни како „држава“, и се додава дека 10 години по признавањето уште поочигледно е дека Косово од почетокот на југословенската криза од 1980-тите било – „инструмент на Западот“.

На Косово, американската база Бондстил создава немири на јужната граница на Србија и на самото Косово, и ваквата пракса е насочена кон братска Србија, братска Русија, Словенија и Европа, се аргументите на кои се повикуваат. 

„Европа е буре барут, Балканот е детонаторот и со сегашната ескалација ситуацијата станува многу опасна, дури и за граѓаните на Република Словенија. Затоа на Западот треба да му се даде јасен сигнал дека нема да се потчиниме на неговата политика“, истакна Социјалистичката партија на Словенија.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ следи кои се земјите кои ги повлекуваат признавањата на Косово, но често пати кога ќе излезе со изјава го демантираат косовските власти. 

Србија нема да го погази својот Устав и образ, признавајќи ја лажната држава Косово заради некакви европски моркови, изјави министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за „Вечерње новости”.

фото РТС

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс