Балканска земја влезе во рецесија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Ноември, 2020
Хрватска се соочи со голем пад на БДП и влезе во рецесија.
Економијата во третиот квартал имаше пад од 10 отсто во споредба со истиот период лани. Падот е последица од намалената лична потрошувачка, но е помал во однос на претходниот квартал кога беше 15 отсто, пренесува Seebiz.
Падот е помал од очекувањата на аналитичарите, бидејќи седум аналитичари кои учествувале во анкета на агенцијата Хина, во просек очекувале пад на БДП за 10,4 отсто, а нивните проценки се движат од 9,5 до 11отсто.
Тоа е второ тримесечје по ред како хрватската економија завршува во минус на годишно ниво.
Падот во третото тримесечје е помал одошто во второто, кога економијата поради рестриктивните мерки насочени против пандемијата, беше 15,4 отсто.
Претходно, Хрватска во 2014 година беше во рецесија.
Претходно, поради пандемијата на коронавирусот, неколку европски земји беа во рецесија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.