15 Мај, 2024
0.0274

Балкански бренд кој ќе ги надмине „Lidl“ и „Carrefour“!

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Водечките компании во регионот се заинтересирани за соработка која би можела да доведе до нивно поврзување во една моќна регионална компанија. Таквиот "Балкан гигант" кој би ги споил компаниите како "МК група", "Агрокор", "Атлантик група", "Нектар" и "Подравка" ќе има приходи од околу шест милијарди евра и на тој начин би го надминал бизнисот на "Lidl" или "Carrefour " во Централна Европа. Според податоците од "Делоит" листата на најдобрите компании во овој дел на Европа, германскиот "Lidl" во 2012та во оваа област остварил приход од € 4,95 милијарди евра, а француски "Carrefour" ,312 милијарди евра. Идејата да се создаде голема компанија наречена AMANP, кои се првите букви на компаните кои ќе ги обедини "Агрокор", "МК група", "Атлантик група", "Нектар" и "Подравка" дојде од сопствениците на "МК Група" Миодраг Костиќ . Костиќ, чија компанија има неколку десетици хектари обработливо земјиште во Војводина и во Украина, месната индустрија "Carneks" и работa во туризмот предложи создавање на големa заедничка компанија, која ќе има една управа и приходи кои ќе се бројат во милијарди евра. "Ако  не се опаметиме навреме, ќе бидеме само гледачи во големиот европски натпревар", предупредува Костиќ. Инаку, таква компанија би ги произведувала најпознатите брендови од поранешна Југославија, како "Вегета",  "Cockta" и "Carnex" . "Smoki", "Cedevita", "Fructal" ... "Ги поздравуваме иницијативите кои се движат во насока на здружување на компании во регионот. Идејата на г-дин Костиќ е одлично стратешко размислување и нешто за што "Агрокор "секогаш зборуваше, но не и со поврзување на имињата на некои компании. Ова е единствениот правилен начин за развој на регионалните компании за нивната конкурентност", изјави за "Novosti" Ања Линиќ, директор за односи со јавноста на " Агрокор ". "Агрокор" од 2003 година има инвестирано во три компании во Србија - "Фриком", "Дијамант" и "Идеја" ( во кои има 7000 вработени) - 450 милиони. Тие сметаат дека на Србија на природната средина, во која Агрокор ќе инвестира, и како хрватската компанија која го знае менталитетот и на пазарот во Србија, и затоа одлучила  да инвестира. И хрватската, "Атлантик група" ја поддржува оваа иницијатива. На пазарот во Србија "Атлантик" е комбинација на производството на "Штарк", "Гранд кафе", "Паланачки кисељак", "Mултивита" и "Атлантик брендс". Исклучително богатата понуда вклучува реномирани локални и регионални брендови, како што се "smoki", "najlepše želje", "bananica", "grand kafa", "Cockta". Компанијата има канцеларии во 11 земји, 17 произвотствени погони  во шест земји, и работи на повеќе од 40 пазари. "Атлантик  е секогаш отворена за разговор за секоја иницијатива, и кога станува збор за раст на бизнисот и развој не ги делиме компаниите по  географски ознаки, туку преку бизнис логиката и заедничкиот интерес", велат од "Атлантик група", кои имаат годишен приход од околу 670 милиони евра. Факт е дека компаниите во регионот, без разлика колку се важни и големи во регионални рамки, се уште се мали на големите, трети пазари. За поголем успех во овие пазари ќе мора да најдат успешна формула за заеднички пристап. Ова може, но не мора да биде сопственичко поврзување. Во која било форма на здружување мора да се земе предвид нивото на дозволена концентрација согласно со закон, кое го контролира агенцијата за заштита на конкуренцијата на некои пазари. K.K.  

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот