29 Март, 2025
0.0392

Балканско гратче се најде на листата најубави во светот

Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2023 18:30

Добивај вести на Viber

Списанието за патувања „Конде Наст“, кое постои од 1986 година, објави листа со 50 најубави мали градови ширум светот.  На листата се најде словенечкиот град Блед.

„Постои причина зошто Бледското Езеро е едно од најпопуларните места во Словенија. Со својата смарагдна вода, малото островче со цркви, погледот кон Алпите и замокот од 12 век на рид, нема да ви недостасуваат совршени погледи. Околниот град Блед е исто толку шармантен“, пишуваат уредниците на „Конде Наст“ за Блед.

Има гратчиња од различни делови на светот, од Канада до Јапонија.

„Можете да им го препишете тоа на гостоприливите мештани, на хотелите или на добриот старомоден шарм, но ние никогаш нема да се измориме од патувањата во мали градови. Речиси секоја држава во светот има свое гратче кое вреди да се истражи – од историските села во Јапонија, па се до пустинските оази во Египет. Без двоумење, ова се најубавите мали градови во светот“, се вели во написот.

Најубавото гратче во светот е Албарацин во Шпанија. Тоа се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година има 1.016 жители.

„Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалавиар е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина. Местото е особено уникатно поради неговата историја на муслиманско и христијанско владеење. Каде на друго место можете да најдете готски катедрали и маварски урнатини во ист мал град“, стои во описот.

Межу најубавите гратчиња во светот се и Бањос во Еквадор, Биеји во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанс во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируја во Аргентина, Ламу во Кенија итн. Кога светски познати списанија составуваат листи на најубави дестинации, во потесниот избор често влегуваат хрватски градови. 

Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив

ВУЧИЌ РЕШИЛ ДА ОСЛАБНЕ: Јаде калинки пред средбата со Фон дер Лајен

ВУЧИЌ РЕШИЛ ДА ОСЛАБНЕ: Јаде калинки пред средбата со Фон дер Лајен

УСПЕАЈА ДА ГО ИЗМАМАТ И АЛБИН КУРТИ: Тој призна дека „паднал“ на трикот на познатите руски комичари, мислел дека е претседателот на Латвија

УСПЕАЈА ДА ГО ИЗМАМАТ И АЛБИН КУРТИ: Тој призна дека „паднал“ на трикот на познатите руски комичари, мислел дека е претседателот на Латвија

Интерпол распиша потерница по Додик и Стевандиќ

Интерпол распиша потерница по Додик и Стевандиќ