Бан Ки-Мун не го поддржа папата за „ерменскиот геноцид“
Објавено во: Балкан 14 Април, 2015 12:42
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги нарече убиствата на Ерменците од отоманските Турци пред 100 години како „ужасни злосторства“, но не го поддржа папата Фрањо во неговата изјава дека тие се „првиот геноцид на 20 век“, изјавил портпаролот на ОН.
Турција ги негира убиствата дека се геноцид и во одговор на изјавата на папата го отповика својот амбасадор во Ватикан и го обвини духовниот лидер во ширење на омраза.
Според историчарите 1,5 милиони ерменци биле убиени од Турците во периодот околу Првата светска војна - акција која се смета од страна на некои како геноцид. Според Анкара, сепак бројот на загинатите е зголемен и дел од загинатите се жртви на граѓанска војна и немири.
Според портпаролот на ОН Стефан Дужариќ генералниот секретар се запознал со изјавата на папата и е целосно свесен за „чувствителноста кон категоризацијата“ во 1915 и прославата на 100 годишнината на „трагичниот настан“ во Ерменија и на други места во светот на 24 април .
Според Дужариќ Бан Ки Мун не е ориентиран кон создавање на меѓународна комисија која може да ги истражува фактите околу убиствата, додавајќи дека „има дискусија со засегнатите страни и заедници и мислам дека е важно овие дискусии да продолжат“.
Изјавите на папата Фрањо беа кажани за време на мисата во базиликата „Св. Петар“ во спомен на стогодишнината, која беше поттикната од ерменски свештеници, како и од претседателот на земјата Серж Саркисјан. За време на службата Франциско изјавил дека негова должност е да им оддаде почит на невините мажи, жени и деца, кои биле „бесмислено“ убивани од страна на отоманските Турци.
Во 2009 година Турција и Ерменија потпишаа договор за отворање на границите и воспоставување на дипломатски односи, што сепак и не се случи.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




