БАНКАРИТЕ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧАТ - за кого ќе има одложување на кредитните рати и после први октомври
Објавено во: Финансии 01 Септември, 2020 13:48
Банкарите денеска треба да пресечат каков модел на помош за граѓаните кои имаат кредити кон банкарските институции ќе се прифати, односно за кого ќе има одложување на кредитните рати и после први октомври, дознава Фактор.
Според банкарски кругови, деновиве банкарите интензивно работат на конечно формулирање на моделот на тоа како ќе се одлагаат ратите за кредитите и после први октомври, кога завршува претходно определениот рок од страна на властите.
Нашите извори велат дека денеска банкарите ќе ги имаат последните усогласувања, по што финалниот модел и би можел да биде објавен во јавноста.
Нашите сознанија говорат дека и од први октмври ќе може да се одложува плаќањето на кредитните рати, но таква можност нема да им се даде на сите граѓани.
Односно, оние со подлабок џеб веќе нема да бидат поштедени од обврската да се раздолжуваат кон банките за своите кредити, што значи дека нема да можат да бираат дали ќе плаќаат или не, туку ќе мора да го прават тоа, додека, пак, за оние посиромашните, а особено за оние погодени од корона кризата, повторно ќе има шанса за ослободување од плаќање на кредитните рати.
„Всушност, ќе има критериуми, според кои ќе се одредува кои граѓани ќе можат да ги одложат и после први октомври своите рати, а кои тоа нема да можат да го направат“, велат наши извори од деловните банки во земјава.
Од Народната банка неодамна изјавија дека постојано ги следат состојбите.
„Подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем“, беше последниот став на НБМ.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




