15 Декември, 2025
0.0308

БАНКАРСКИТЕ АКЦИИ СЕ „МЕЛЕМ“ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - на Берзата поминаа три блока со хартии од вредност на двете најголеми банки

Објавено во: Економија 08 Мај, 2025 14:56

Добивај вести на Viber

Деновиве на Берзата се повторно актуелни блок трансакции со акциите на банките, при што поминаа блокови со акции на двете најголеми банки во земјава, односно Стопанска банка Скопје и Комерцијална банка. 

Блоковите не се големи, што говори дека целта на инвеститорите е или инвестиција во акции за дивиденда, или за остварување на капитални добивки, или едноставно влог во силни и стабилни акционерски друштва. 

Завчера помина блок трансакција со акции на Стопанска банка Скопје, при што беа продадени 1.291 акција по цена од 3.200 денари за акција, што значи дека во еден наврат на однапред познат купувач му беа продадени акции за сума од над 67 илјади евра. 

Во текот на вчерашниот ден, пак, преку блок трансакција беа продадени 3.170 акции, по цена од 3.170 денари за акција, што значи дека однапред познат купувач ја купил оваа количина акции за вкупна сума од 52 илјади евра.

А денеска помина блок со акциите на Комерцијална банка, во кој се продадоа а некој купи 80 акции, по цена од 29.200 денари за акција, што значи дека купувачот за оваа количина платил 38 илјади евра.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност