17 Декември, 2025
0.1238

Банките почнаа да ги намалуваат каматите за штедење

Објавено во: Економија 22 Јули, 2013 11:21

Добивај вести на Viber

Банките почнаа да ги намалуваат каматите за штедење, откако Народната банка во последните четири недели намали две од своите каматни стапки, што се референтна точка за однесувањето на деловните банки во земјава.

Две од трите најголеми банки во Македонија веќе ги намалија каматите на депозитите. Меѓу првите е Тутунска банка, каде што падот се движи околу 0,4 процентни поени во просек, зависно од видот на депозитот, пренесува Телеграф.

Ова значи дека ако досега за орочен депозит на три месеци, во денари, граѓаните во оваа банка добивале принос од 2,6 проценти, сега ќе добиваат 2 проценти. Или, пак, ако за орочените штедни влогови на период од шест месеци (во денари) во Тутунска банка досега се добивала камата од 3,4 отсто, сега ќе се добива 3 отсто. Кај депозитите орочени на период од една година (во денари), каматата или приносот од 4,3 проценти се намалила на 4 отсто.

Од Стопанска банка исто така потврдуваат дека ги намалиле каматите на депозитите, по првата мерка на НБМ – намалувањето на референтната камата на 3,5 проценти.

Од Комерцијална банка велат дека планираат намалување на каматните стапки, но во моментов вршеле пресметки и сè уште не е утврдено колкави ќе бидат намалувањата.

Од Шпаркасе банка најавуваат дека во следните две недели ќе ги намалат каматите на депозитите, како резултат на последната одлука на НБМ.

Инаку, Народната банка на 28 јуни ја намали референтната каматна стапка(според која банките ги пресметуваат своите камати) на 3,5 проценти, а минатата недела ја спушти каматната стапка на благајничките записи на историски најниското ниво досега 3,25 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас