19 Мај, 2024
0.0291

БАНКРОТ: Грција не го плати долгот кон ММФ, мора да ја напушти еврозоната!

Објавено во: Балкан, Економија 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Грција го пропушти рокот за уплата на 1,6 милијарди долари, колку што изнесува најновата рата на долгот кон ММФ, само неколку часа откако министрите на еврозоната одбија да ја продолжат финансиската помош, јавува Би-Би-Си.

Меѓутоа, министрите најавија како денес ќе расправаат за новиот предлог за отплата на грчките долгови.

Грција стана првата развиена држава која влегла во технички банкрот. Постојат оправдани стравови дека тоа би можело да предизвика излегување на таа земја од еврозоната. ММФ соопшти синоќа дека Грција ја пропуштила шансата да ја уплати ратата на долгот.

-Го информиравме извршниот одбор дека Грција е во технички банкрот и дека може да продолжи да прима финансиска помош од ММФ дури откако тоа ќе се реши - изјавил портпаролот на ММФ Гери Рајс.

Додал како ММФ го примил предлогот на Грција да се продолжи рокот за покривање на ратата од долгот за кој ќе се расправа во „одредено време“.

Без помош на еврозоната Грција веќе нема пристап до милијардите евра во фондовите и не можела да ја покрие ратата на долг кон ММФ. Исто така, Европската централна банка ги замрзна сите приходи кон грчките банки, а агенциите додатно го намалија грчкиот кредитен рејтинг.

-Ова не е начин како би требало да се водат меѓународните дипломатии и финансии - низ серија збунувачки предлози во последниот час и во атмосфера која се повеќе излегува од контрола - објаснува Крис Морис од Би-Би-Си.

Делот од новиот договор кој Грција го предлага би вклучувал реструктурирање на нејзинте огромни долгови, но некои од тие предлози сигурно нема да бидат прифатливи за земјите на еврозоната. Несигурноста е на секој чекор, а гласот на јавноста е се посилен како Грција се подготвува за неделниот референдум за мерките.

Како додатно би ја закомплицирале работата, некои претставници на ЕУ наведуваат дека постојат индикации дека грчките власти, доколку во наредните денови постигнат рамковен договор околу новата помош, дури и дека може да го откажат референдумот, заклучува Морис.

Во меѓувреме, агенцијата за кредитниот рејтинг Фич го промени статусот на Грција од “CCC” во  “CC”, што е само еден степен над целосниот банкрот.

Иако банките се затворени, постои можност да се отворат денес како би им овозможиле на пензионерите, од кои повеќето не користат банкоматни картички, да подигнат максимално 120 евра.

Европските лидери предупредија дека одбивањето на условите кои ги поставиле кредиторите значи грчко напуштање на еврозоната. Од друга страна грчкиот премиер Алексис Ципрас повеќе пати изјави како не го сака тоа.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс