Бараат работа за да не ја најдат или сепак не е така?
Објавено во: Економија 16 Јули, 2021 07:00
Оваа година, 979 невработени на кои Агенцијата за вработување им понудила работа го прифатиле ангажманот, а 128 одбиле.
Најчести причини за неприфаќање на понудената работа се здравствени проблеми, условите за работа кај работодавачот, ниска плата, грижа за мало дете, оддалеченост од домот до работата, апликација за друго работно место кај друг работодавач од каде чекаат одговор. Овие фактори ги натерале невработените да не ја прифатат понудената работа. Меѓу невработените има и кадри со високо образование кои одбиваат да работат во фабрики или на други ниско платени работни позиции.
„Му понудија работа во приватен сектор, односно работно место каде 8 часа треба да се стои на нозе, но и да се работи во смени. Јас одбив, затоа што уште сум млада, имам квалификации и сметам дека ќе можам да најдам подобра работа“, вели наша соговорничка.
Во земјава има илјадници луѓе кои со години се со статус невработени.
„АВРСМ, како јавна установа има за цел да функционира како берза на трудот и да биде клучниот медијатор за поврзување на понудата и побарувачката на работната сила, а со тоа да има влијание врз унапредувањето на функционирањето на пазарот на трудот во земјата. Агенцијата за вработување преку услугата посредување при вработување, обезбедува посредување при вработување на работна сила според искажаните потреби на работодавачите. Целта на услугата е да се олесни поврзувањето на понудата и побарувачката на работна сила, односно да им помогне на работодавачите да ги пополнат слободните работни места со квалификувани работници, а на невработените и други лица кои бараат работа да им помогне при вработувањето. По доставено барање за посредување при вработување од страна на работодавач кој побарал потребата од работници да ја задоволи со посредување при вработување, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија врши посредување при вработување преку упатување, со пребарување на евидентираните невработени лица – активни баратели на работа, заради наоѓање на лице кое најмногу одговара на потребата на работодавачот“, велат од АВРСМ.
Социологот Лилјана Полевска објаснува дека оваа категорија на луѓе треба да се мотивира и да се вклучи на пазарот на трудот. Посебно смета дека треба да им се обрне внимание на повозрасните, кои беа жртви на приватизацијата и други општествени процеси.
„Преку програми, обуки, курсеви треба да им се помогне на луѓето да се едуцираат за она што се бара на пазарот на труд. Ние балканците сме вредни, учиме брзо, но потребна е мотивација. Луѓето ќе се чувствуваат покорисно доколку работат, макар платата да е мала, отколку да користат социјална помош или да бидат на товар на некое друго лице“, изјави Полевска.
На веб страницата на АВРСМ стои дека во земјава сега има над 8.500 слободни работни места, а бројот на невработени е над 140.000. На огласите се бараат такси возачи, правници, општи работници, возачи за шлепери, продавачи, електричарi и кадри од други профили. Власта планира намалување на невработеноста од околу 16 отсто на 8 во следните години.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата





