Барања за финансиска поддршка на рурален развој од јуни по електронски пат
Објавено во: Агробизнис 31 Мај, 2015 09:54
Сите странки кои планираат во иднина да упатат Барање за финансиска поддршка по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој тоа ќе може да го направата по електронски пат од следниот месец, од јуни.
Имено од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочуваат навремено и целосно да се журираат сите податоци за земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на зeмјоделски стопанства, а тоа може да се направи во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство.
Податоците кои задолжително треба да се содржани во Регистарот за поднесување на е-Барање за финансиска поддршка за физички лица се статус на барателот, име, презиме, пол, ЕМБГ, датум на раѓање, седиште на барател, адреса, место, општина, подрачна единица, регион, поштенски број, телефон или мобилен телефон и е-маил адреса.
Додека пак, за правни лица треба да се достават податоци за статус на барателот, назив на правно лице, управител, пол (Барател/Управител), ЕДБР, ЕМБС, датум на раѓање (Барател/Управител), седиште на барател, адреса, место, општина, подрачна единица, регион, поштенски број, телефон или мобилен телефон и е-маил адреса.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





