БАРАТЕ ОДРЕДЕН ПРОИЗВОД, А НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ: Дали се намалува изборот на пазарите?
Објавено во: Македонија, Агробизнис 02 Септември, 2025 08:01
Граѓаните од помалите градови велат дека се случува да бараат одреден производ на пазарите, а да не можат да го најдат. Ова се однесува за намирници како рен, брокули, боранија, бамји, блитва и слично.
Велат дека состојбата е таква затоа што се намалува бројот на оние кои се занимаваат со земјоделска дејност. Според нив, во иднина ќе биде и полошо.
„Скоро бев на пазар, и видов дека пиперки за ајвар нема. Тезгите се празни. Нема боранија, нема грашок, нема везени пиперки. Порано имаше сѐ. Моето мислење е дека државата прави грешка. Никој не се сетил на младите да им даде пари за да ги мотивираат да произведуваат храна. И да отидам на пазар, и да најдам боранија, таа чини 150 денари, а ќе биде и поскапа и на 200 денари ќе скокне цената и нема да можам да си ја дозволам“, рече Дивна Додевска, граѓанка.
Според граѓаните, со текот на годините има помал избор на храна, но и послаб квалитет.
„Јас не можев да најдам рен на пазар. Свежа брокула и бамји исто така тешко се наоѓаат“, рече кумановка.
И Државниот завод за статистика(ДЗС) регистрира намалување кај производството на одредени култури.
„Зависи од сезоната. Она што го нема на пазар, луѓето го купуваат во маркети или пиљари“, вели жител на Виница.
Ристо Велков, земјоделец од селото Василево и претседател на Сојузот синдикат на земјоделски производители во струмичко ги разбира поплаките на потрошувачите, но вели дека ќе биде и полошо.
„После многу години и тоа што сега го има по пазарите, ќе го снема. Ако продолжи вака, за 10 години и тоа ќе го нема. Нема никаква стратегија. На некои пазари дел од производите или ги нема или ги има ретко и во мали количини. Треба нешто од корен да се смени“, кажа Велков.
Во 2024 во однос нс 2023 година, намалено е производството на доматите, оризот, сончогледот.
ДЗС регистрира и пораст на цените. За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, во земјоделското производство највисоки цени се постигнати кај зеленчукот каде што има пораст од 63,3 отсто, а потоа следи овошјето со раст на цената од 33,2 отсто.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




