Барел нафта е со најниска цена од март наваму
Објавено во: Економија 14 Јули, 2022
Цената на нафтата падна на најниско ниво од март.
Суровата нафта „брент“ се тргуваше за 97,68 долари за барел, што е пад од 1,98 отсто од затворањето на претходната сесија.
Американската сурова нафта WTI денеска поевтини за 2,09 отсто на 94,29 долари за барел, откако во средата се затвори на тргување со 96,3 долари за барел.
Вчера на светските берзи, нафтата доживеа драстичен пад.
foto freepik.com