26 Декември, 2024
0.0268

BOOKING НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Што значи тоа за вработените и корисниците

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Платформата за резервации за сместување Booking.com најави реорганизација на своето работење, сигнализирајќи дека може да има кратење на работните места.

Анализата на бизнисот штотуку започна, а конкретна одлука се уште не е донесена, објавија преку е-маил компанијата, членка на групацијата Букинг холдингс.

- Тоа е тежок, но неопходен проактивен чекор кој треба да ја гарантира агилноста на Booking.com во многу конкурентен сектор и иновации ориентирани кон клиентите - се вели во соопштението.

На крајот на минатата година, Букинг Холдингс вработуваше околу 23.600 луѓе, според годишниот извештај на групацијата, кој не вклучува посебни податоци за Booking.com.

Во петокот, групацијата, во поднесокот американската Комисија за хартии од вредност (SEC) напиша дека ќе даде повеќе детали за временската рамка на реорганизацијата и нејзиното веројатно влијание врз вработените и финансиите „во догледно време“.

- Веруваме дека овие напори ќе ја подобрат ефикасноста на оперативните трошоци, ќе ја подигнат организациската агилност на повисоко ниво и ќе ослободат ресурси за инвестирање во дополнително подобрување на нашата понуда до патниците и партнерите - се вели во поднесокот.

Букинг холдингс додаде дека како дел од реорганизацијата, ќе ги модернизира процесите и системите, како и ќе ги оптимизира набавките.

Во анализата се вклучени само Booking.com, а не и други брендови како Priceline, Agoda, Kayak и OpenTable, истакна портпаролот на компанијата.

Кон крајот на октомври, Букинг холдингс објави дека вкупните оперативни трошоци во третиот квартал биле за 14,3 отсто повисоки од минатата година, достигнувајќи 4,8 милијарди долари.

Вкупните приходи се зголемија за девет отсто на 7,99 милијарди долари. Бројот на ноќевањата е зголемен за 8,1 отсто, на 299 милиони. Растот на приходите следеше по стапката на бруто вредноста на резервациите која достигна 43,4 милијарди долари.

Нето добивката се задржа на минатогодишното ниво и изнесува 2,5 милијарди долари.

Побарувачката во Европа и многу азиски земји за патувања во странство беше стабилна и компензира за послабите резултати во сегментот на домашни патувања во САД и Кина поради послабата лична потрошувачка во услови на макроекономски тешкотии.

фото: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал