26 Декември, 2024
0.0287

НЕ СТИВНУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ СТАНОВИ – во третиот квартал над 237 милиони евра свртени во купопродажба на недвижнини

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Тргувањето на пазарот на недвижности во Македонија продолжува со несмалено темпо. И најновите податоци за третиот квартал од тековната година откриваат дека граѓаните со сличен интензитет купуваат или продаваат имоти.

Согласно податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини, во периодот јули - септември 2024 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот.

-  Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јули - септември 2024 година во однос на периодот јули - септември 2023 година е незначително намален, додека бројот на закупи е намален за 5 проценти – се посочува во нивната анализа.

Бројките покажуваат дека во истиот период минатата година, бројот на купопродажби достигнал 5.545, додека закуп бил направен на 2.070 имоти.

Податоците на Катастар откриваат дека вкупната вредност на остварените купопродажби на имоти во третиот квартал од годинава достигнува 237 милиони евра.

Притоа најголем дел од истругуваните имоти се становите. Само во третото тромесечие биле продадени или купени 2.115 станови, чија вредност достигнува 128 милиони евра. Голем интерес имало и за купување земјоделско земјиште. Имено, во овој квартал биле купени 1.651 парцели, чија вредност достигнува 15 милиони денари.

Паралелно со нив, голем интерес имало и за купување градежно земјиште и куќи. Па така во периодот од јуни до септември биле продадени 630 градежни парцели, и притоа биле свртени 18 милиони евра. Од друга страна биле продадени 644 куќи и притоа биле инвестирани 40 милиони евра.

Во третиот квартал од 2024 година најмногу купопродажби се регистрирани во септември, и тоа вкупно 1.923, додека во август се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.748.

Што се однесува пак до закупите туку е утврдено дека вкупниот број на евидентирани закупи на недвижен имот во споредба со истиот период минатата година се намалени. Како што пишавме погоре од 2.070 имоти колку што биле ставени под закуп во 2023 година, нивниот број овој квартал спаднал на 1.966. Притоа, во третиот квартал од 2024 година најмногу закупи се регистрирани во септември, и тоа вкупно 737, додека во август се регистрирани најмалку закупи, и тоа 581.

Податоците на Катастар откриваат дека вкупната вредност на договорените закупи достигнува 797 илјади евра.

Што се однесува пак до имотите кои биле ставени под хипотека, податоците на Агенцијата откриваат оти во периодот јули - септември 2024 година се запишани товари врз вкупно 2.037 недвижности со вкупна вредност од 398,2 милиони евра.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија