26 Декември, 2024
0.0482

ЕСМ купил струја за 100 милиони евра, само преку берзата поминале 15 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ лани потрошил 100 милиони евра за електрична енергија што не ја произвел. Дел од овие пари се потрошени за набавка на струја од берзата која започна со работа токму минатата година на средината на мај. За седум и пол месеци во 2023, колку што работеше берзанската трговија на струја организирана од националниот оператор на пазарот со електрична енергија МЕМО, државните електрани тука потрошиле 15 милиони евра.

Просечната цена била најниска на овој начин и изнесувала 95,8 евра по мегаватчас, пишува во извештајот за работењето на државните електрани во 2023.. Македонската берза за електрична енергија, која работи на принципот тргување денеска за испорака на струјата утре, инаку во првите девет месеци од годинава оствари продажба на струја вредна 68 милиони евра воопшто.

На слободниот пазар пак, каде што преку огласи стандардно ЕСМ бара увозна електрична енергија од снабдувачи, биле потрошени 29,5 милиони евра. Тука просечната цена изнесувала 107 евра по мегаватчас. ЕСМ на ваков начин годинава веќе потроши околу 40 милиони евра во услови на намалено производство, што може да се види од резултатите од набавките што ги објавува редовно фирмата-ќерка ЕСМ Продажба. Од друга страна, берзата ден однапред на МЕМО е од затворен тип и не може да се види колкави количини и за колкави суми друштвото годинава од таму има набавувано.

Најскапо било купувањето од термоелектраната на мазут ТЕЦ Неготино. Тука биле исплатени 55 милиони евра по цена од 164 евра од мегаватчас. Инаку ТЕЦ Неготино лани пред есента влезе во составот на ЕСМ како подружница и повеќе не е правен субјект од кого се купува.

„Набавката на електрична енергија е направена со цел задоволување на целокупните стонастотни потреби од електрична енергија за ЕВН Хоме (домаќинства и мали потрошувачи) во текот на целата 2023, целокупните загуби на електрична енергија во Електродистрибуција, целокупните загуби на електрична енергија на операторот АД МЕПСО, како и целокупните потреби на прехранбена индустрија, училишта и јавни претпријатија во периодот јануари-април 2023 согласно задолженијата дадени од Владата“, напишано е во објавениот извештај.

Струјата што ја купува ЕСМ по овие цени потоа му ја предава на универзалниот снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи ЕВН Хоме. Во моментов таа цена изнесува 60 евра од мегаватчас и е многу помала од горенаведените.

Колкави ќе бидат сметките на граѓаните од јануари најмногу зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум. Новата понуда, како што е најавено, треба да ја достави утре.

- Тука некаде ќе се движи. Плус, минус две евра. Меѓу 58 и 62 евра. Се прават анализи меѓу бројки, најави пред неколку дена премиерот Христијан Мицкоски.  Новата цена на струјата ќе важи од први јануари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

Русија почнува да користи биткоин за меѓународни плаќања

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

ОВОЈ СЕКТОР ДОЖИВЕА НАЈМНОГУ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА ГОДИНАВА: Повеќе од 130.000 луѓе беа отпуштени

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е започната

Уште 7,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изградбата на автопатите уште не е започната

ЕВЕ КОЈА ПРОФЕСИЈА ЌЕ БИДЕ НАЈБАРАНА ВО ЕУ ВО 2025: Погледнете која професија најмногу ветува

ЕВЕ КОЈА ПРОФЕСИЈА ЌЕ БИДЕ НАЈБАРАНА ВО ЕУ ВО 2025: Погледнете која професија најмногу ветува

ОВА СЕ ТОП 10 НАЈДОБРИ КОМПАНИ ЗА РАБОТА ВО ЕУ ВО 2024: Нудат одлични услови, вработените се задоволни и мотивирани

ОВА СЕ ТОП 10 НАЈДОБРИ КОМПАНИ ЗА РАБОТА ВО ЕУ ВО 2024: Нудат одлични услови, вработените се задоволни и мотивирани

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?