19 Декември, 2025
0.0396

БДП: Како малата Македонија да стаса до повисок раст, во оваа светска економска бура?

Објавено во: Економија 05 Март, 2013 08:56

Добивај вести на Viber

Колку треба да изнесува стапката на економски раст за да се почуствува придвижување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните? Според сегашните параметри, македонскиот Бруто Домашен Производ изнесува само 35 отсто од европскиот просек. Домашната бизнис и експертска јавност по ова прашање е едногласна дека  без стапка на економски раст од најмалку 6 отсто на годишно ниво – нема економски исчекор. Бизнисменот и аналитичар Венко Глигоров за “Фактор“ вели дека непоходен е дури и двоцифрен економски раст.
“Секоја стапка над 6% е добра стапка на раст. Бидејќи Македонија има ниска развиеност, оваа стапка треба да биде и двоцифрена или од 10 отсто па нагоре за да се одрази врз вкупната економија. Секако, важно е зголемените стапки на раст да бидат во континуитет од најмалку три години за да има ефект“ – вели Глигоров.
Споредбената анализа на стапките на економски раст укажува на тоа дека од 1993 та година до сега, највисоката стапка на БДП изнесува 6,1 отсто и таа е остварена во 2007 та година. Од аспект на одржливост на стапките на раст, сите овие години се забележуваат големи осцилации и неодржливост. Така на пример, во 1999 та година  е регистриран раст од 4,5 отсто а годината потоа пад на економијата од 4,5 проценти. Сличен тренд се случува во 2008 та година кога е остварен економски раст од 5 проценти за потоа во 2009 та година економијата да влезе во рецесија со – 0,9 % . Дека нема придвижување без економски раст од најмалку 6 %, посочува и универзитетскиот професор Томе Неновски. Тој за “Фактор“ вели :
“Во нормални  услови на стопанисување , значи во услови без криза, објективно можната и потребна стапка на економски растеж на македонската економија би требало да се движи околу 6%-7% годишно, што ќе има влијание врз намалување на заостанувањето на економијата на Македонија во однос на таа на Европската Унија, зголемување на капиталната и вкупната финансиска сила на компаниите и врз постепено подобрување на животниот стандард на населението“ – вели професорот Неновски.
Слабите показатели за економски раст во изминатите години, Владата ги правдаше со економската и финасиската криза во светот и во Европа. Македонската економија, иако трговски зависна од водечките економии во Европа,  споед Владата успеа да избегне посериозни последици, односно подлабоки минуси на Бруто Домашниот Произод, додека европските и дел од балкансите економии бележеа негатини стапки на економски раст. Да се напушти системот на зголемување на јавната потрошувачка? Како до повисок економски раст? Експертската јавност и стопанствениците со заедничка оценка дека три фактори го диктираат  курсот на економијата. Прво тоа е јавната потрошувачка, потоа приватните домашни и странски инвестиции и на крајот тука е и уделот на  владините капитални инвестиции. Но, пред се, според бизнис заедницата, клучен предуслов за економски раст е политичка и економска стабилност. “Сметам дека немањето на политички консензус за развој на економијата е една од главните препреки. Премногу време се губи на јалови дебати, дискусии и судири меѓу власта и опозицијата, а несуштински прашања.  Ако на ова се додаде и континуираниот процес на меѓуетнички и меѓуверски усогласувања, без притоа да се фокусираат работите кон создавање на услови за подобар живот и бизнис на сите граѓани, имаме една целосно непродуктивна средина која реално не може да испорача еконосмки резултати. “ – вели стопанственикот Венко Глигоров. Професфорот Неновски смета дека во “нормални “ услови на работење, сегашниот концепт на поагресивна јавна потрошувачка полека треба да се напушта. “Со дејство на сите три фактори со тоа што, во стабилни услови на стопанисување јавната потрошувачка треба постепено да го отстапува местото на инвестициите, домашни и странски. Секогаш кога тоа е можно, приоритет треба да се дава на домашните инвестиции со цел продуктивно ангажирање на домашните расположливи извори на средства“. И бизнисменот Глигоров смета дека  генератор на економскиот раст пред се треба да бидат инвестициите. “ Сведоци сме на ситуации во кои многу наши домашни фирми се ставаат во пдредена положба во однос на странските фирми при јавните тендери. Ако нашите фирми не победуваат на домашен пазар и со тоа не можат да зајакнуваат, тогаш речиси е невозможно да се победува надвор. Уште една важна компонента на БДП се капиталните инвестиции на владата. Покрај тоа што може да се зголеми работата на домшаните компании, преку капиталните инвестиции се овозможува и подобра инфраструктура за развој на бизнисите. Засега, имаме многу мало ниво на инвестиции во патната инфраструктура и кај железничкиот сообраќај, а нешто подобра е состојбата со авиосообраќајот“ – објаснува Глигоров. Токму странските инвестиции, кои треба да го повлечат растот во 2012 та година – значајно потфрлија. Салдото се сведе на 105 милиони евра, што претставува најниско измерено ниво во последните седум години. Според сегашниот концепт на владата, “локомотива“ за економскиот растеж останува поттикнувањето на јавната потрошувачка преку буџетот. А.Д. Табела:
БДП по години ( според производствен метод)
2003 та година                +2,8%
2004 та година                 + 4,6%
2005 та година                 + 4,4%
2006 та гоидна                 + 5,0%
2007 ма година                + 6,1%
2008 ма година                + 5,0%
2009 та година                 - 0,9 %
2010 та година                 +1,8%
2011 та година                 + 2,8%
2012 та (очекување)       по првите два кавртали - рецесија

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар