БДП ПО ЖИТЕЛ ВО ЕУ: Луксембург и Ирска се на врвот, кој е на дното?
Објавено во: Економија 26 Март, 2024
Луксембург и Ирска се со најголем, а Бугарија и Грција со најмал БДП по жител во Европската Унија(ЕУ) според куповната моќ. Ова се податоци за 2023 година.
Германија, најголемата европска економија, лани го надмина европскиот просек за 15 отсто во однос на БДП по глава на жител.
Франција и Италија се блиску до просекот на Унијата и малку под просекот на еврозоната, кој е четири отсто поголем од просекот на 27-члената ЕУ.
Словенија, Чешка и Шпанија заостануваат зад просекот на Унијата за околу 10 отсто. Во Естонија, Полска и Романија, БДП по жител беше за околу 20 отсто помал од просекот на ЕУ.
Словенија е на чекор до европскиот просек, Хрватска е веднаш до Унгарија, а на дното е Бугарија, покажаа новите проценки на Евростат.
Во 2023 година, домашниот бруто- производ (БДП) по глава на жител изразен во стандардите за куповна моќ се движеше помеѓу 64 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија и 240 отсто во Луксембург.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.