БДП ВО ЕВРОЗОНАТА: Рекорден пад поради корона кризата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Април, 2020
БДП во евро зоната падна за рекордни 3,8 отсто во првиот квартал.
Ова е најголем пад од 1995 година.
Податоците за втор квартал би можеле да бидат многу полоши.
Француската економија се намали на 5,8 отсто во првите три месеци од 2020 година.
Економијата на еврозоната се намали за 3,8 отсто во првиот квартал, во однос на последните три месеци од 2019 година, бидејќи пандемијата на коронавирус сериозно влијаеше на деловната активност.
19-члената евро-зона е меѓу најтешко погодените од Ковид-19. Германија, Франција, Шпанија и Италија - четирите најголеми економии се меѓу првите шест земји во светот со најголем број инфицирани. Строгите мерки во поголемиот дел од еврозоната значат дека сите несуштински услуги се затворени веќе неколку недели, анализира cnbc.
Италија беше првата европска земја што воведе мерки на национално ниво, почнувајќи од 10 март. Така, податоците од втор квартал би можеле да бидат многу полоши бидејќи строгите мерки само што започнуваат да се укинуваат постепено во некои земји.
Франција влегува во техничка рецесија.
Француската економија има пад од 5,8 отсто во првите три месеци од 2020 година, во споредба со последниот квартал на 2019 година, според канцеларијата за статистика на земјата. Ова беше најостриот пад откако започнаа записите во 1949 година.
Втората по големина економија во регионот падна за 0,1 отсто во последниот квартал од 2019 година.
Земјата ги ублажува дел од мерките од 11 мај. Сепак, аналитичарите изразија загриженост дека Париз ќе се соочи со многу поголеми економски предизвици од соседна Германија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.