Бебе со повреди на главата префрлено на скопските клиники
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 17:42
Бебе на возраст од 4 месеци со повреди на главата од Гостиварско е префрлено на скопските клиники.
Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом. Од гостиварската болница пријавиле во полиција.
Ј.А.(41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш.(21) спиела на креветот. Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад", а оттаму заради повредите препратено на скопските клиники, информираа од СВР Тетово.
Се работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




