Беџети: Би прифатил да ја водам идната македонска Влада
Во последно време многу се шпекулира и со името на идниот мандатар, а во интервју за емисијата Фактор24, на 24 Вести, академик Беџети вели дека тој би прифатил да состави Влада која би имала јасни цели и принципи.
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2016 07:41
Преговори за нова Влада во мачна тишина. И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ тврдат дека го добиле мандатот од граѓаните да формираат Влада, а ДУИ иако никогаш со помал број на пратеници условува. Владата ќе биде под услови кои ќе ги диктира Ахмети.
Во спротивно вели тој нема Влада. „Ако нема договор и се влезе во нејасен период, тоа ќе биде најлошото решение за земјата. Јас мислам дека кај сите политички партии треба да преовладува здравиот разум за да се најде решение и да се решат проблемите со кои се соочуваа нашата земја. Инаку, тоа би било најлошото решение“, додава Ахмети.
Првиот човек на Мала Речица вели дека ќе ја почитува волјата на Албанците.
“Конечната одлука ќе ја одразува волјата на мнозинството од граѓаните Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела некоја одлука која е против својот народ“, изјави Ахмети.
Од партијата на Груевски која се очекува прва да го добие мандатот, велат дека ќе вложат максимални напори за формирање влада почитувајќи ја волјата на граѓаните.
Од СДСМ велат дека не почнале преговори со ниедна партија но дека чекаат граѓаните да се изјаснат.
Во последно време многу се шпекулира и со името на идниот мандатар, а во интервју за емисијата Фактор24, на 24 Вести, академик Беџети вели дека тој би прифатил да состави Влада која би имала јасни цели и принципи.
„Би се нафатил само доколку станува збор за Влада која ќе има јасен и ограничен реформски мандат, со одредена фокусирана агенда“ изјави Беџети.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




