20 Декември, 2025
0.0432

БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА СО „ИБИЦА“, АМА НЕУСПЕШНО: Со марихуана фатен дваестгодишник

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 12:30

Добивај вести на Viber

Полицајци ноќеска во Тетово привеле 20-годишник, кој почнал да бега кога бил запрен за контрола. Тој бил лишен од слобода околу 1 часот и 10 минути на улица „Браќа Миладиновци“.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.М. затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, а во кое се превезувале уште три лица, била пронајдена марихуана. М.М. претходно не застанал на даден знак од полициските службеници и се обидел да избега, но брзо бил фатен. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Две други лица поради поседување марихуана се приведени синоќа околу 23 часот на влезот во тетовското село Сараќино.

Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајцата жители на тоа место откако при преглед на возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица – Тетово за натамошна постапка, а им било одземено и возилото, бидејќи не било регистрирано повеќе од шест месеци.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки