Бегалски бран ќе ја поплави Грција
Објавено во: Балкан 14 Април, 2015 18:38
Очекувањата на грчките власти се дека оваа година во земјата ќе влезат 100 000 бегалци. Ова станало јасно од изјавата на заменик-министерот за миграциската политика Тасиа Христосуполу, истакнувајќи дека за ова прашање Грција побарала финансиска помош од ЕУ.
Грчката министерка појаснила дека очекува ситуацијата да не може да биде надмината со национални средства. Грчката влада развива прекувремен план за справување со бегалскиот бран на островите и во областа на Атика.
„Бројот на бегалците може да достигне до сто илјади“, изјавила Христосуполу, појаснувајќи дека за да може владата во Атина да компензира со сегашната финансиска дупка, таа се обратила за помош кон Европската комисија.
Во моментов се подготвува план до јуни да се изгради потребната инфраструктура за прифаќање на бегалците. Таа предвидува создавање на бегалските кампови на островите, а потоа изградба на постојани центри во внатрешноста на земјата.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




