29 Септември, 2024
0.0253

„Бехтел и Енка“ отвори канцеларија во Македонија, се чекаат преговорите

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Конзорциумот Бехтел и Енека на улица Максим Горки во Центар отвора претставништво пред почетокот на преговорите за изградба на коридорите 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), на кои треба да се утврди и сумата која државата треба да му ја плати на контракторот.

Џошуа Т. Бејкер од Велика Британија и Озгел Инал од Турција се назначени за овластени градежни инженери.

Во моментов тече огласот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за надзор и правен трансакциски советник за изградба на коридорите. Краен ропк е 9 март. Според она што не известија од Министерството за транспорт и врски, надзорникот и правниот трансакциски советник ќе членуваат во Комитетот за преговори со Бехтел и Енка. 

Преговорите ќе се одвиваат со околу 120 луѓе за цените, роковите и проектите, не информираат од Министерството за транспорт и врски. Покрај луѓе од „Државни патишта“ и консултантот, ќе има и претставници на асоцијации, комори и други тела. Извештаите со деталите ќе бидат поднесувани во работната група во Владата, од каде што треба да се одлучи дали ќе се прифати понудата на Бехтел и Енка.

Законот за изградба на коридорите 8 и 10 Д, кој овозможува директна зделка односно да нема тендер, беше донесен во Собранието, откако Владата претходно потпиша Меморандум за соработка со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за тие целосно да ги проектираат и изградат автопатиштата.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) истиот го оспори пред Уставниот суд со образложение дека тој ги крши уставните начела за слобода на пазарот, како и начелото дека Републиката ќе преземе мерки против монополска положба.

Меѓутоа, Уставен ја отфрли иницијативата на ДКСК. Првиот вицепремиер Артан Груби, кој сега е дел од владината работна група, одлуката на Уставен ја нарече „вест на годината“ бидејќи сега нема правни пречки да се оствари сонот на граѓаните за автопатско поврзување од Ќафасан со Албанија до Блаце со Косово.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија