Беќаровски: Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Јуни, 2021
Последиците што ги остава Kовид-19 се катастрофални, вели професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Тој се надева ова лето пандемијата ќе стивне.
„Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се карастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен“, изјави тој.
Сега на површина излегуваат пациентите кои тешко ја поднеле пандемијата и имаат потреба од лекар, а тука е и постковид синдромот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.