Бектеши бара ЕСМ да каже колку пари троши за набавка на струја од берза, од таму велат дека поранешниот министер е виновен за таа ситуација
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024 17:03
АД ЕСМ излезе со реакција против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој вчера во „Тема на денот “ на ТВ Сител рече дека државните електрани треба да објават јавно колку пари трошат за набавка на електрична енергија преку македонската берза, покрај јавно достапните набавки на увозна струја со огласување на тендери.
„Крешник Бектеши како поранешен министер за економија, во чија надлежност до неодамна беше и енергетиката, наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во оваа дејност, шета по медиуми и критикува за состојби директно создадени од неговите политики. Тој како кадар на ДУИ и раководителите кои оваа партија ги поставила во рамките на енергетските компании, преку низа погрешни потези, одиграле значајна улога да го доведат АД ЕСМ во незавидна состојба. Факт е дека претходната власт не успеала да реализира ниту еден енергетски проект кој ќе придонесеше кон енергетската независност на Македонија, или барем ќе ја намалеше увозната зависност на земјата од енергија.
Наспроти тоа, од некогаш силна компанија во државна сопственост, со нестручно управување создале фирма со милионски долгови и загуби, наследени доспеани долгови, очајна техничко-технолошка подготвеност на производните капацитети, лошо изведени или воопшто непочнати ремонти, празни хидроакумулации и неплански третирани рудници за јаглен“, реагираше денеска ЕСМ.
Бектеши вчера рече дека ЕСМ на дневно ниво купува од 150 до 200 мегаватчасови струја за надополнување на она што не може да го произведе, но и дека компанијата купува и електрична енергија од берзата на националниот оператор на пазарот МЕМО која беше отворена лани.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




