18 Март, 2025
0.0766

БЕКТЕШИ И ТРАЈКОВСКИ ДОБИЈА КРАТКОТРАЕН ПРИТВОР - судијата одреди 48 часа притвор за уште 12 други лица

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 09:03

Добивај вести на Viber

Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу останатите 12 лица, како што пренесуваат медиумите е и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, кој исто така доби 48 часа притвор.

- Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен притвор во траење од 48 часа - информираа утрово од Основниот суд Кочани.

Како што дополнуваат, Судот постапува по предлозите на Обвинителството, во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.  Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

- Вкупно до овој момент се работи на итно процесуирање на 14 лица обезбедени од нашето постапување до овој момент. По однос на увидот можам да кажам дека сите важни релевантни факти и докази на местото се обезбедени и следат дополнителни анализи и вештачења од соодветна област - рече тој, дополнувајќи дека во текот на оваа недела има можност да се поведе истражна постапка.

На сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата синоќа беа спроведени поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице. Претходно на распит беше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов,  и како што соопшти Обвинителството   дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.  

- Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката - информираа од Обвинителството.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Можеби ќе ве интересира

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

СНИМАЛЕ СО ДРОНОВИ: Новинари приведени на собирите во Скопје и Кочани

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

(ГАЛЕРИЈА) УМИРАМЕ ОД КОРУПЦИЈА: Ваква порака упатија граѓаните до властите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Луѓето во Скопје, Кочани и во другите градови оддадоа почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соученик

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани

(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани

НИШ НУДИ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ: Нови Сад ќе донира 10 милиони динари

НИШ НУДИ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ: Нови Сад ќе донира 10 милиони динари