Бектеши: Инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра
Објавено во: Економија 19 Мај, 2023
Секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Секоја инвестиција на иселеник во Република Северна Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра неповратни средства од Владата, со цел да се вратат нивните напори во својата земја“, изјави Бектеши, на свеченото отворање на фабриката за производство на бакарни жици и цевки.
Со најновите законски измени, секоја инвестиција што ќе се случи во Македонија од кој било иселеник што работел и делувал во дијаспората претходните 5 години ќе добие поддршка со дополнителни 15 отсто кои припаѓаат на странска компанија која не е во сопственост на граѓанин или сонародник.Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вели дека ја охрабруваат дијаспората да инвестира во татковината. Им нудат финансиска и партнерска помош.
фото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.