Бектеши: Не разговарам со Сојузот на стопански комори
Објавено во: Економија 21 Март, 2023 15:14
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција рече дека повеќе нема да разговара на маса со претставници на Сојузот на стопански комори, по апелот од страна на производителите државата да продолжи да ги субвенционира цените на производите со цел да нема поскапувања.
Министерот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е многу лут на оваа комора затоа што нејзините членки не сакале да произведуваат леб по цена од 33 денари. Од таму реагираа и дека ќе поднесат тужба за отштета од 4,5 милиони евра.
- Во делот на Сојузот на стопански комори и нивниот сектор за производство на леб, јас сум кажал, додека е ова раководство, јас како министер за економија нема да седнам со нив да разговарам, но ќе разговарам со сите производители во државата, заради тоа што тое што требаше да ја почитуваат одлуката и да ги претставуваат сите членки, самите тие ги злоупотребуваат и ги лажат своите членови и работат надвор од законот, рече Бектеши.
Министерот рече дека до неговото министерство засега има само еден предлог од коморите - да се укинат сите царински давачки, што според Бектеши, тоа е неодржливо ниту краткорочно да се примени.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




