Бектеши: Прифатливо е АД ЕСМ да купува струја од фотонапонските централи
Објавено во: Економија 19 Мај, 2023
Министерот за економија Крешник бектеши денеска пред медиумите рече дека за Владата е прифатливо барањето на Стопанската комора на РСМ во иднина АД ЕСМ да откупва електрична енергија од фотонапонските централи на слободниот пазар.
Стопанската комора денеска во едно од нејзините девет енергетски барања предлага АД ЕСМ, со поддршка на Владата како негов единствен и целосен сопственик, да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно доколку во следниот период кога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, АД ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните.
„Претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори (фотоволтаични централи) и затоа треба да се следи состојбата со цените на електричната енергија и енергенсите да одлучува дали и кога е исплатливо да се вклучат одредени домашни енергетски капацитети, а кога да се увезе евтина енергија“, гласеше коментарот на едно од барањата на комората.
Бектеши речиси истовремено потврди дека за Владата овој потег е економски логичен во тајминзите кога производството на електрична енергија е поевтино од фотонапонските централи откако од термоелектраните.
- Во делот на фотонапонски централи кои работат во нашата држава и тука се лоцирани, тоа ние како Економија веќе сме го предложиле и се прави анализа во делот на капацитетите, во делот на дијаграмот кога таа електрична енергија може да се предаде на пазарот и да се стави во мреж. Имајќу ги во предвид анализита на тоа колку се трошоците моментално на електраните, вклучувајќи го тука и ТЕЦ Неготино, и колку би биле трошоците ако се откупува електричната енергија произведена од фотонапонските централи кои се на слободен пазар, секако дека согласно економската оправданост, ние таква одлука ќе донесеме како Влада во целина, затоа што АД ЕСМ има можност, согласно нивната структура, да се занимава со откуп и продажба на струја, изјави денеска министерот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.