Бектеши: За отпуштен работник од ЕСМ од 20 до 30 илјади евра
Објавено во: Економија 20 Декември, 2023
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска рече дека со „зелената транзиција“во иднина ќе следува намалување на бројот на работници во АД ЕСМ, иако акционерското друштво во државна сопственост има објавено оглас за вработување на 500-тини лица.
Бектеши рече дека за оние кои ќе останат без работа ќе бидат подготвени отпремнини и социјални пакети.
Климатскиот инвестициски фонд од три милијарди евра кој го најавува Владата и меѓународните кредитори заради декарбонизација на Македонија, ќе доведе до губење на работни места во пелагонискиот и југозападниот дел од земјата, а најмногу ќе „настрада“ Општина Новаци.
- Во делот на вработените, се предвидуваат социјални пкаети. Ние ќе им понудени како држава да се вработат во приватниот сиктор, или за преостанатите години од стажот да им се даде можност во вид на грантови сами да направат инвестиции во приватниот сектор. За секој вработен тоа би било од 20 до 30 илјади евра, рече Бектеши.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.