19 Декември, 2025
0.0475

Белград добил ветување од Јункер за преговори „што е можно поскоро“

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2015 10:37

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Александар Вучиќ добил ветување од претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, дека е „прашање на време“ кога ќе бидат отворени првите поглавја од преговорите за членство на Србија во ЕУ, пренесоа агенциите.

На состанокот меѓу Јункер и Вучиќ во Брисел во четвртокот според српскиот премиер ЕК ги поддржала реформите во Србија и отпочнувањето на преговорите „што е можно порано“, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.

Вучиќ соопштил уште дека Јункер ќе ја посети Србија во октомври, што може да биде добар сигнал за преговорите. По добрите вести од Брисел шефот на српскиот тим за преговори со ЕУ, Тања Мишчевиќ оцени дека е можно Главата 35 за односите со Косово да биде отворена пред декември оваа година.

vucic junker 1

Претходно оваа недела беше јасно дека премиерот Александар Вучиќ има намера да присуствува на церемонијата за геноцидот во Сребреница на 11 јули.

Во исто време канцеларката на Германија Ангела Меркел оваа недела го посети Белград. Темите на средбата биле владеењето на правото, реформите на српските институции, дијалогот со Приштина, преговорите со ЕУ и присуството на премиерот во Сребреница.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен