16 Декември, 2025
0.0377

Белград ќе заличи на Дубаи?

Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2014 22:21

Добивај вести на Viber

Белград како Дубаи. Арапските инвеститори од компанијата Emaar properties од Обединетите Арапски Емирати го претставија новиот проект Белград на вода, во кој ќе вложат околу три милијарди евра. Ексклузивни хотели, најголемиот трговски центар во Србија, културни и спортски објекти на брегот на реката Сава се дел од проектот кој ќе зафаќа 1.5 милиони квадратни метри. Проектот предвидува и кула, како онаа во Дубаи, која ќе се вика „Belgrade tower” и ќе се наоѓа на брегот на реката, каде што се сега железнички пруги во сопственост на Српските железници. Според разговорите што се воделе неодамна, речиси 80 проценти од пругата може да се стави надвор од работа и да се преселат за шест месеци. Целиот проект ќе биде реализиран за пет до седум години, најави сопственикот на компанијата Мухамед ал Алабар, во саботата пред српски владини претставници. Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, кој присуствуваше на презентацијата, оценува дека реализацијата на овој проект, заедно со растот на автомобилската индустрија и земјоделството, ќе значи сигурно излегување на Србија од кризата. Идејата за изградба на Белград на вода е стара четири децении.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството