05 Јануари, 2025
0.0380

БЕЛГРАД, ЉУБЉАНА, ЗАГРЕБ: Се вратија ли патниците во автобусите по „ударот“ на пандемијата?

Објавено во: Македонија 22 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Автобуските линии од Скопје кон странство не се обновени во целост како пред пандемијата на коронавирусот. Фреквенцијата на патници е намалена, некои линии се нерентабилни, а многу транспортни фирми се соочија со загуби.

Од Руле Турс компанијата која стопанисува со автобуската станица во Скопје велат дека меѓународните автобуски линии се враќаат постепено, но уште не се на нивото од 2019 година.

„Нивото е на 90 отсто линии кои се одржуваат во однос на периодот пред пандемијата. Главна причина е економската неисплатливост на некои линии и спорото опоравување на некои превозници од кризата, која настана поради пандемијата и ограничувањата кои беа наметнати на превозниците во тој период, со што некои превозници имаа големи финансиски загуби. Што се однесува на бројот на патници во периодот јануари – февруари 2023 година во споредба со истиот период 2019 година има намалување на меѓународниот превоз од 22.3 отсто. Причини секако има повеќе, но да се надеваме дека состојбата ќе се подобри“, велат од Руле Турс.

Оттаму објаснуваат дека патниците не се вратени во целост за балканските држави. Ако направиме споредба на бројот на патници за првите два месеци од 2019 година и првите два месеци од 2023 година, бројот на патници е намален за 41 отсто. 

И превозниците се жалат дека бројот на патници е намален. Велат дека намалувањето на бројот на патниците за одредени дестинации е за 30 отсто, но има и такви каде падот е над 50 отсто. Додаваат дека помалку патници заминуваат во Србија, во Љубљана, а за дел од италијанските градови има интерес за патувања со автобус. Според превозниците, дел од граѓаните поради пандемијата се одвикнаа од чести патувања, а воедно и кризата си има свој удел.

Пандемијата сè поремети и ќе треба уште година дена можеби за да се вратиме во нормала“, велат од компанија за превоз.

Но, и самите граѓани објаснуваат дека поретко патуваат од порано.

„Пред пандемијата со автобус патував во соседна Србија и тоа до Врање, Ниш, Белград и други градови. Планирам сега брзо да патувам пак кај северниот сосед. Го видов возниот ред на интернет, но кога се јавив на автобуска станица за да проверам дали тој возен ред важи, ми кажаа дека има измени“, објаснува наша соговорничка од Куманово.

Линијата Охрид – Белград си функционира, но се очекува дека во летните месеци ќе има поголеми гужви. Статистичките податоцина Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат пораст на бројот на превезени патници во меѓународниот превоз, но потребно е време за враќање на состојбата како пред пандемијата. Во екот на пандемијата имаше низа ограничувања за преминување на границите. 

foto freepik.com/aapsky

Можеби ќе ве интересира

ДУИ ЗА ВЕТОТО ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците

ДУИ ЗА ВЕТОТО ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Левица предлага конкретни решенија за почист воздух

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

ПОРАЗИТЕЛНО: Нивото на ПМ 2.5 отровни честички било 37,7 пати повисоко од дозволеното во Скопје

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

СЕ ЗАКАНИЛ ДА НЕ КАЖУВА НИКОМУ: Гостиварец е осомничен за силување девојче

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ЛЕВИЦА: Загадување со смртоносни размери - Меџити веднаш да се разреши

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?

СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО: Каде во Македонија утрово воздухот е најзагаден?