Белиот ролован и полубелиот леб од Жито Лукс отсега достапни и на парчиња
Објавено во: Агробизнис 26 Август, 2014 12:51
Белиот ролован и полубелиот леб на Жито Лукс отсега се достапни и на парчиња. Со овој чекор најголемиот производител на леб во Македонија им го овозможи на потрошувачите омилениот леб во едноставна и практична форма за употреба и консумација.
„Континуирано ги следиме желбите на нашите консументи и се трудиме секогаш да бидеме уникатни при лансирањето на новитети на пазарот. Новата понуда на едни од најомилените лебови од Жито Лукс, белиот ролован и полубелиот леб, отсега достапни на парчиња, им овозможува на потрошувачите лесен и практичен начин за подготовка на оброк и уживање во нивниот омилен вкус“ – изјави Даница Ническа, Продукт менаџер во Жито Лукс.
Белиот ролован и полубелиот леб на парчиња направени се од пченично брашно по традиционален рецепт. Тоа им дава мека структура и златеста крцкава кора. Отсега, внимателно исечени на еднакви парчиња и спакувани во пакување што ја зaдржува нивната свежинанудат бројни можности за брза и едноставна употреба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





