Берачите на јаболка од Албанија без ПЦР тест ќе влегуваат во земјава
Објавено во: Македонија, Агробизнис 28 Септември, 2021 06:53
Берачите на јаболка од соседна Албанија без ПЦР тест ќе можат да влезат во земјава на граничниот премин Стење. Ваков договор е постигнат во координација на Општина Ресен и Министерството за земјоделство, потврдуваат од Здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен. Одлуката помина на седница на Влада.
Ова им оди во прилог на овоштарите кои последните 7-8 години мака мачат да најдат работници. Љубе Пампулески, претседател на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ објаснува дека работниците на граничниот премин ќе остават податоци каде ќе престојуваат, и колкав период, со цел надлежните да имаат увид. Додава дека работниците од Албанија ќе стигнуваат од денеска, а нивната сезонска работа во земјава секако ќе заврши до 1 ноември.
„Потребни се илјадници луѓе за берба на јаболка, а засега само 10 отсто од бербата е почната во овој регион. Подобро е доколку луѓето бидат вакцинирани. Ќе ги почитуваме мерките и протоколите, ќе внимаваме да нема некое поголемо мешање. Дел од работниците ќе пристигнат од Битола, Прилеп и Велес“, рече Пампулески.
Ерол Куртовски, овоштар од Ресен вели дека деновиве ќе побара неколку работници за берба на јаболка.
„Од 1 до 5 октомври можно е да ангажирам 4 работници. Контактите ги имаме од претходните години, и од домашните берачи и од Албанија“, рече тој.
Дневницата ќе изнесува од 1.200 до 1.500 денари, со обезбедено сместување, но и оброци. Доколку нема работна сила, можно е да има и зголемување на дневниците.
Овоштарите од Ресен и Преспа велат дека пред 15 години немаа проблеми да обезбедат работници, дури имало поголем број на работници од потребното, и биле во позиција да ги бираат помладите, повредните и оние кои веќе имаат искуство.
„Оние кои тогаш имале 50 години, сега се пензионери и не можат да работат. Недостиг на работна сила се јави поради миграцијата во Европа, но и поради стареењето на населението. Но, ова е балкански проблем, не е погодена само Македонија, туку истото се случува и во Грција, Албанија, Србија“, додава Пампулески.
Производителите на јаболка од 2016 година наваму многу потешко наоѓаат работници, и се благодарни на државата што помогна без тестови албанските работници да можат да дојдат во Македонија. Во Ресен и Преспа се раѓаат од 80.000 до 150.000 тони јаболка годишно.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




