Берлускони ќе ја урне владата ако не се укине данокот на имот
Објавено во: Свет 05 Мај, 2013
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предупреди денеска дека ќе ја урне коалициската влада ако не биде укинат непопуларниот данок врз недвижни имоти, јави ДПА.
Во интервју за локални медиуми, Берлускони рече дека данокот е неправеден и штетен за целата економија.
Данокот беше воведен од претходната валда на Марио Монти за да „затвори“ дупка во буџетот. Во предизборната кампања Берлускони вети дека ќе се бори против тој данок и на Италијанците ќе им врати пари дадени во минатата година за плаќање на таа давачка.
Премиерот Енрико Лета досега се ангажираше само да ги замрзне сметките за данок на имот за минатиот месец додека владата не одлучи што ќе прави со тој проблем.
Ако Берлускони ја исполни заканата Италија може да влезе повторно во политичка криза, наведува ДПА.
Весникот Корисере дела сера објави дека исполнувањето на ветувањето на Берлускони за данокот би чинело околу 12 милијарди евра, сума што задолжената Италија не може да ја дозволи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.