05 Декември, 2025
0.0319

Беровско Езеро на минимум – ни капка вода веќе нема да се испушта!

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2014 10:17

Добивај вести на Viber

Нивото на водата во Беровското Езеро е на биолошки минимум. Испуштањето на вода од езерото за потребите на хидроцентралата е целосно запрено, откако на вонредна седница загриженост изразил Одборот на водокорисници на Беровското Езеро. Надлежните органи информираат дека будно ќе продолжат со следењето на хидролошката состојба и на водостојот во хидроакумулацијата, од која зависи снабдувањето со вода за пиење на Берово, туристичкиот комплекс и повеќе села во Малешевијата. Искористувањето на водите од Беровското Езеро за работата на хидроцентралата ќе биде дозволено само кога ќе се подобри хидролошката состојба и нивото на водата тоа ќе го овозможи. Алармот за состојбата на Беровското Езеро се вклучи уште на средината на декември, кога граѓаните реагираа со тврдења дека не паметат толку низок водостој во овој период од годината. Хидроцентралата на Ратевска Река беше отворена во мај минатата година, како јавно-приватно партнерство на Водостопанство - Берово и фирмата „Солар“. Подобрување на состојбата со водостојот надлежните очекуваат дури напролет, кога ќе има повеќе дождови и дотек на вода во езерото. Фото: Телеграф.мк

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“