06 Октомври, 2024
0.0323

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Обврзницата за денационализација повторно најтргувана, петта седмица по ред!

Објавено во: Економија 05 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Иако со голем пад на прометот таа обврзница е повторно најтргуваната хартија од вредност. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти е 29,2 милиони денари, а обврзницата имаше реализација од 9 милиони денари Акциите на „Алкалоид“ и на „Комерцијална банка“ се вратија во фокусот на инвеститорите на нашата берза особено откако стивна тргување со обврзницата за денационализација од 14 емисија. Оваа трговска седмица донесе скромен промет од вкупно 29,2 милиони денари на сите пазарни сегменти. Најтргувана повторно беше обврзницата за денационализација од 14 емисија, но сега со промет од само 9 милиони денари што претставува намалување од 14,5 милиони денари во споредба со прометот остварен во претходната седмица. Маргината во која се тргуваше оваа обврзница беше 0,3 отсто односно од 93 отсто до 92,7 отсто од номиналната вредност на таа хартија која изнесува 1 евро за обврзница. „Алкалоид“ и оваа седмица се тргува на релативно ниска пазарна цена која ја допира маргината од 4.700 денари за акција. Најниската цена на таа акција постигната на пазарот изнесуваше 4.702 денари за акција што претставува најниска цена од 21 октомври лани до сега (период од речиси осум месеци). Прометот во оваа ценовна маргина изнесуваше 7 милиони денари и акцијата се тргуваше 5 дена. Во споредба со другите акции „Алкалоид“ постигна убедливо највисок промет, а во споредба со неговата реализација во претходната седмица неговиот промет бележи пад од 1,7 милиони денари. Со оглед на тоа што наскоро се очекува финансискиот извештај за вториот квартал годинава може да очекуваме дека во најмала рака ќе запре негативната ценовна тенденција на таа акција. Затоа што се очекува позитивен финансиски извештај во кој компанијата ќе објави раст на приходите и раст на добивката. Акцијата на „Комерцијална банка“ оваа седмица оствари промет од 3,87 милиони денари што е раст на прометот на таа акција од 3,1 милиони денари во споредба со реализацијата од претходната седмица. Цената односно падот на цената на таа акција беше генератор на зголемениот промет. Последната реализирана цена беше 1.750 денари за акција, што беше и најниска цена во текот на седмицата. Слично беше расположението на инвеститорите и кај акцијата на „Алкалоид“ зашто и таа акција најниската цена ја книжеше и како последна цена во седмичното тргување. Како ќе се одвива текот на тргувањето со „Комерцијална банка“ е неблагодарно да се прогнозира. Но, ако се земе во предвид фактот дека се очекува наскоро да бидат објавени финансиските биланси за првото полугодие годинава, а малкумина се оптимисти, а мнозина се песимисти и очекуваат банката и понатаму да чисти биланси, тогаш треба да се очекува дека оваа ценовна маргина ќе биде реалност уште некое време. „Макпетрол“ беше треторангирана акција според обемот на остварен промет. Тој изнесува 1,9 милиони денари и е остварен со единствена цена од 18.500 денари за акција. Во споредба со претходната седмица прометот со таа акција е понизок за 1,9 милиони денари. Во втората половина на овој месец или при крајот би можеле да ги очекуваме и финансиските биланси, но многу се ретки тие што очекуваат дека „Макпетрол“ ќе излезе од „була“. „Реплек“ по подолго време беше акција што според остварениот промет се најде во милионерите. Реализацијата беше 1,4 милиони денари, а ценовната маргина беше 500 денари од највисоката цена од 51.500 денари до 51.000 денари за акција. Акцијата се тргуваше во три трговски денови. На подсегментот „задолжителна котација“ најтргувана беше акцијата на „Стопанска банка Скопје“. Таа имаше промет од 0,46 милиони денари, а се тргуваше во маргина од 330 до 338 денари за акција со тоа што само една акција беше истргувана на цената од 338 денари.  

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта