19 Декември, 2025
0.1265

БЕРЗАТА ДОСТИГНА НОВ МАКСИМУМ - азиските индески со голем скок по најавата на Трамп за царини кон Канада

Објавено во: Финансии 11 Јули, 2025 09:25

Добивај вести на Viber

Берзите реагираа на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп врз Канада, како и најавите за царини на земјите членки на БРИКС, особено Русија и Кина со зголемување на вредноста на индексите и акциите.

Индексот „Стрејтс тајмс“ на Сингапур достигна нов рекорден максимум.

Азиско-пацифичките пазари тргуваа претежно повисоко во петокот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 35 проценти за Канада почнувајќи од 1 август.

Тој, исто така, во четвртокот за NBC News изјави дека планира да воведе генерални тарифи од 15 или 20 проценти за повеќето трговски партнери.

„Мислам дека царините беа многу добро прифатени. Берзата денес достигна нов максимум“, изјави претседателот за водителката на „Meet the Press“ Кристин Векер во телефонско интервју.

Сингапурскиот индекс „Стрејтс тајмс“ се искачи на нов максимум во петокот, означувајќи петти ден по ред со раст.

Акциите на земјата пораснаа за 0,51 отсто достигнувајќи нов рекорден максимум од 4.096 поени до 11:33 часот по локално време во четврток, покажаа податоците на LSEG.

За потсетување, откако пред неколку дена американскиот претседател Трамп го одложи рокот за нови царини до 1 август, најави воведување на царини кон Канада од високи 35 проценти. Закана имаше и кон Бразил, но е поврзана со судењето на Болсонаро.

Тој сега ѝ се заканува на ЕУ со нови казнени царини. 

- Таа би можела да добие писмо „уште денеска“. Канада веќе доби писмо - кажа Трамп. 

Покрај тоа, посебни царини се применуваат за одредени производи, како што се увоз на  челик и алуминиум  и увоз на автомобили.  Кратко по неговите изјави за ЕУ ​​и Канада, Трамп објави царини од 35 проценти за стоки од Канада, што ќе стапат на сила на 1 август. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра