19 Мај, 2024
0.0274

СЕЕ Линк се прошири на 4 активни членки

Берзата од Србија се приклучи кон СЕЕ Линк

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

По барањето за прием што го направи на почетокот на оваа година, Белградската берза од 05.12.2016 година е активна членка на  СЕЕ Линк, што ќе овозможи тргување со хартии од вредност од Србија преку оваа платформа.

Ова е прва берза што се приклучи на СЕЕ Линк по неговото формирање од страна на трите берзи основачи (Загребска, Бугарска и Македонска).

Синиша Крнета, Извршен директор на Белградската берза (BELEX), истакна: Оперативното поврзување со платформа СЕЕ Линк претставува важен ден за идниот развој и позиционирање на Белградската берза, како и регионот во целина. BELEX има за цел создавање на локален и регионален пазар на капитал што ќе претставува комплементарен модел на финансирање на развојот на приватниот сектор и негова поголема визибилност преку презентирање на интересни алтернативи за финансирање.Остануваме целосно посветени на создавање на посилни врски меѓу реалниот сектор и пазарот на капитал -врска што се уште недостасува во нашиот регион.

СЕЕ Линк, системот за регионално пренасочување на налозите за тргување стана целосно оперативен на 01.04.2016 година. Двата индекси на СЕЕ Линк SEE LinX и SEE LinX EWI беа лансирани на почетокот на април, и се составени од 10-те најликвидни компании котирани на трите берзи основачи. Со пристапувањето на нови пазари во СЕЕ Линк, во  наредниот период се планира ревизија на индексите со цел да се обезбеди соодветна претставеност на сите инволвирани пазари на хартии од вредност.

Покрај BELEX, уште четири берзи се подготвуваат да пристапат кон СЕЕ Линк: берзите од Атина, Бања Лука, Љубљана и Црна Гора, и неколку други регионални берзи кои изразија интерес за приклучување кон платформата.

Со пристапување на BELEX, СЕЕ Линк - системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно четири пазари, со пазар на капитализација од повеќе од 33 милијарди долари и речиси 500 акции со кои може да се тргува. Вкупно 27 инвестициски компании (брокерски куќи) се лиценцирани за тргување преку СЕЕ Линк. Дополнително, уште седум членки на Белградската берза се во постапка за добивање на лиценца за тргување преку СЕЕ Линк.

Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда