05 Декември, 2025
0.0625

Берзата веќе продава со дисконт, тешко да ја живне намалениот данок!

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2012 08:00

Добивај вести на Viber

Укинувањето на данокот на капитална добивка на берза е добра одлука, но нема да ја заживее берзата. Вака коментираат брокерите кои ги консултираше Фактор а кои тврдат дека одлуката која вчера ја најави министерот за финансии Зоран Ставрески ќе им помогне само на одредена група инвеститори.
„Доколку некој не се одлучил да продава или да тргува на пократки рокови од аспект на следење на тој административен дел за загубите и добивките, на тој профил ќе им биде добро, инаку факт е дека на берзата прометот е мал, физичките лица се незаинтересирани, компаниите одат на примарна котација,  но сепак добро е што воопшто почна да се зборува за берзата и да се стимулира на некој начин. Добро е и да се укине и данокот за репортирање оти сега клиентите имаат обврска да репортираат и капитални загуби во спротивно има и казни“, вели Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика.
Според него, позитивно е што конечно инвеститорите се ставаат во еднаква позиција со штедачите кои се ослободени од плаќање данок на депозитите на штедење.
„Каматите за штедење одамна не се даночат и редно време беше да се ослободат и инвеститорите, што значи веќе станува збор за фер игра затоа што нема привилегирани“, додава Костадиновски.
Но, дел од брокерите се скептични дека сепак една ваква мерка би можела да значи мотивација за купување на берза, особено затоа што во овој момент инвеститорите сите слободни пари ги насочуваат во градежништвото.
„И до сега кој сакал и мислел дека  ќе има добивка на берза ќе тргувал затоа што данокот е отприлика 8% и не претставува некоја пречка. Основното е што во моментот не постои интерес за инвестирање, нема пари, граѓаните се скептични, а она што остана слободна пара се насочи кон градежништвото. Инаку во моментот на берзата има таков дисконт на акциите што тие се еднакви како да се купи метар квадратен за 500 евра. Попустот на акциите е речиси 85% “, објаснува  Зоран Мајнов, извршен директор на Мој брокер.
Инаку со измените на Законот за персонален данок на доход, Владата предвидува, ослободувањето од плаќање персонален данок на капитална добивка остварена на Берзата да трае во рок од три години. Очекувањата се дека ќе се зголеми побарувачката за акции а фирмите полесно ќе можат да дојдат до поевтин капитал за работење. Неодамна Владата донесе уште две одлуки кои ги нарече реформски во однос на Берзата, а тоа е задолжително котирање на акционерските друштва на пазарот на капитал но и намалување на трошоците за иницијална јавна понуда. Сето ова со цел фирмите да обезбедат алтернативен начин на финансирање во однос на банките.
Соња Наумовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември